Шпанскиот фудбалски шампион, екипата на Барселона планира да го промени името на својот стадион, „Камп Ноу“, а плановите се новото име на стадионот да биде по некој од спонзорите на екипата.
Информациите се дека менаџментот на клубот се решил на ваков чекор за да собере пари потребни за „истражувачки проекти во борбата против коронавирусот во светот“, а секако дел од средствата што би ги уплатил спонзорот чие име ќе фигурира би се намениле и за проекти, како обнова на стадионот.
„Ќе го препуштиме името на стадионот за идната сезона на својата фондација која ќе бара спонзор. Ќе почнеме со барање на спонзор кој би бил заинтересиран да го добие правото името на стадионот да биде негово“ – соопштуваат од ФК Барселона.
Тоа ќе биде првпат од основањето на клубот во 1899 година на компанија да и се даде право да го „крсти“ стадионот.
Барселона е првиот клуб во Примера кој според корона-кризата им ги намали платите на фудбалерите, но и кошаркарите, односно ракометарите, и тоа за 70%, се до крајот на вонредната состојба.