Top Sport

Барса и Валенсија прават рокада на голманите!

Барселона и Валенсија успешно ги завршија преговорите за размена на голманите.

Холанѓанецот Јаспер Силесен од „Ноу Камп“ се сели на „Местаља“, додека Бразилецот Норберто Мурара – Нето оди во спротивен правец.

Клубовите нема да потрошат ниту евро за отштета, затоа што проценките се дека двајцата голмани вредат по 30 милиони евра.

Кога се работи за платата на голманите, „лилјаците“ ќе треба да платат малку повеќе. Силесен во Валенсија ќе ја заработува истата плата што ја имаше во Барса, а таа е повисока од онаа што Нето ја заработуваше во Валенсија.

Единственото што не е добро за бразилскиот голман е што во Барса ќе биде втор голман зад неприкосновениот Германец Марк Андре тер Штеген, за разлика од Валенсија каде беше прв избор на голот.

Затоа пак Силесен, кој беше во сенка на Германецот, на „Местаља“ ќе има можност да ги покаже квалитетите. Холанѓанецот во 2016 од Ајакс прејде кај Каталонците и го чуваше голот само на 32 натпревари.

Scroll to Top