Барселона минатото лето не успеа да дојде до потписот на холандскиот фудбалер, Матијс де Лихт (20), но сега повторно се впушта во трка по него.
Каталонците сакаат да го доведат младиот стопер кој не се снајде како што посакуваше кај „Старата дама“. Барселона покрај пари, за Де Лихт го нуди и играчот од среден ред, Артур.
Италијаните пишуваат дека Холанѓанецот не е среќен во Торино и сака да се пресели во Шпанија.
Јуве за екс-играчот на Ајакс минатото лето плати 85 милиони евра, а тој за новиот клуб одигра 27 меча и постигна 2
гола.
Јувентус нема намера така лесно да се ослободи од Де Лихт ако се знае дека стоперскиот тандем Киелини и Бонучи е со по 36, односно 32 години.