Top Sport

Барса не му „пушти“ на Хетафе, Сосиедад го среди Реал Мадрид (видео)

Барселона славеше со 2-0 против Хетафе во претпоследното коло од Примера. Стрелци на головите за Каталонците беа Видал и Меси. Со победата Барса и направи услуга на Валенсија, која пак го победи Алавес се израмни со Хетафе на делба на четвртото место, кое води во ЛШ наредната сезона.

Реал Мадрид вечерва загуби на гостувањето кај Реал Сосиедад со 3-1. Избраниците на Зинедин Зидан добро први поведоа, стрелец беше Диаз во 6. минута. Мерино изедначи на 1-1 во 26. Минута. Стрелецот на вториот гол за Сосиедад беше Залдуа, а Баренечеа ги постави конечните 3-1.

„Кралевите“ досега во Примера сезонава претрпеа 17 порази.

Ова се сите денешни мечеви во Примера:
Атлетик Билбао – Селта 3-1
Атлетико Мадрид – Севилја 1-1
Барселона – Хетафе 2-0
Џирона – Леванте 1-2
Легањес – Еспањол 0-2
Рајо Валјекано – Валјадолид 1-2
Бетис – Хуеска 2-1
Реал Сосиедад – Реал Мадрид 3-1
Валенсија – Алавес 3-1
Вилјареал – Еибар 1-0

Scroll to Top