Каталонскиот клуб Барселона вечерва со 2-1 го совлада тимот на Реал Сосиедат и повторно ја зголеми предноста на табелата во Ла лига во однос на второпласираниот Атлетико Мадрид на + 9 поени на 5 кола до крајот на првенството.
Домашниот тим дојде во водство во 45 минута со голот на Ленглет.
Во вториот дел, во 62 минута гостите израмнија со погодокот на Хуанми.
Голот за победа вреден три бода за домашните го постигна дефанзивецот Жорди Алба само две минути по израмнувањето.
Барса е прва по 33 коло со 77 бода и ја делат уште две победи за освојување на шампионската титула.
Реал Сосиедат е на 10. позиција на табелата, далеку во безбедната зона на опстанок, а предалеку да се вмеша во борбата за излез во фудбалска Европа.