Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас утринава одигра одлични 45 минути за својот Наполи на пријателскиот меч против Барселона во Мичиген, САД. Но по неговото напуштање на играта, неговиот тим доживеа тежок пораз од Каталонците.
Барса славеше победа со 4-0, а стрелци на головите беа Гризманн, Суарез (два гола) и Дембеле.
Играчите на шпанскиот фудбалски првак за само пет минути во вториот дел (првото полувреме заврши 0-0) дадоа 3 гола и ја остварија најубедливата победа ова лето.
На 16 август Барселона го игра првиот меч од новата сезона во Примера, додека Наполи првиот меч во Серија А ќе го има на 24 овој месец.