Top Sport

Барса по 10 години почнува сезона без Меси

Актуелниот шпански првак, Барселона вечерва во 21 часот во Билбао против Атлетик ја отвора новата сезона во Примера. Каталонците тргнуваат по третата титула во низа.

Сепак тие ќе бидат хендикепирани против Билбао, поради отсуството на Лионел Меси во екипата. Капитенот, најдобриот играч и стрелец на Барса пред 10 дена ја повреди ногата и тренерот Валверде не сака да ризикува додека потполно не се опорави.

За Барселона отсуството на Меси во првото коло од шпанското првенство се случува првпат по 2009 година. Тогаш Меси бараше од тогашниот тренер, Пеп Гвардиола да не игра во првото коло за да може комплетно да закрепне за мечот од квалификациите за СП меѓу Аргентина и Бразил кој на програмата беше по само 5 дена.

Во 2009 соиграчи на Меси во нападот му беа Златан Ибрахимовиќ, Бојан Кркиќ и Педро Родригез. Барса тогаш победи со 3-0 против Спортинг Хихон.

Во последните 10 години, на отворањето на сезоната во Примера, Меси постигнал вкупно 14 гола.

Сепак се чини дека неговото враќање на зелениот терен ќе биде многу брзо.

Меси утре нема да игра во Билбао, но со полна пареа тренира на песок

Scroll to Top