Шпанска Барселона му испрати понуда на полски Киелце за да ги добие услугите на Хрватот, Лука Циндриќ, но Полјаците ја одбиле понудата.
Циндриќ во полскиот клуб е од минатото лето каде дојде од скопски Вардар, а договорот му истекува во 2021 година.
Барселона во феноменалниот хрватски ракометар гледа одлична замена за ветеранот Раул Ентрериос, но засега Лука останува во Полска.
„Понудата е примамлива, но ни повеќе би сакале да остане во Киелце“ – рече претседателот на клубот, Бертус Сервар.
Тој сепак не сака да открие за колкава сума станува збор.
Освен Барса, заинтересиран за Циндриќ е и француски ПСЖ.