Top Sport

Барселона вечерва ја повлекува 11-ката на Хуан Карлос Наваро

Вечерва во „Палау Блауграна“ во Барселона се игра кошаркарско Ел Класико, во рамки на Евролигата.

Салата на Каталонците ќе „пука“ од емоции затоа што управата на домашниот клуб свечено ќе го повлече од употреба дресот со бројот 11, кој до крајот на минатата сезона го носеше легендарниот кошаркар, Хуан Карлос Наваро.

epa07002790 Spanish basketball player Juan Carlos Navarro during his farewell press conference at the Auditorio 1899 of the Camp Nou stadium in Barcelona, northeastern Spain, 07 September 2018. EPA-EFE/Enric Fontcuberta

„Крвникот“ на Македонија од ЕП во Литванија на кое нашата селекција го извојува историското четврто место, 38-годишниот Наваро со Барса освои вкупно 35 трофеи на клупско ниво, а со „фуријата“ освои и десетина медали.

Популарниот „Ла бомба“ една сезона помина и во НБА лигата, во тимот на Мемфис.

Scroll to Top