Фудбалерите на германскиот шампион, Баерн Минхен се чини пронајдоа нова формула за успех. Баварците синоќа на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон го згазија Челси со 0-3, а претходната вечер, наводно, уживале пиејќи виски.
Левандовски, Милер, Габри и дружината ден пред првиот осминафинален дуел од ЛШ се опуштале со лондонски виски. Ги издаде познатиот пејач, Џон Бон Џови.
„Си ја гледав својата работа во барот, а потоа се појави комплетната екипа. Беше тоа завчера вечерта. Момците од Баерн пиеја виски и добро се забавуваа, а потоа излегоа на терен и го разбија Челси. Ќе ги втурнам во неволја со ова, ха, ха“ – изјавил пејачот.
Изјавата на 57-годишниот рокер доаѓа ден по убедливиот триумф на Баварците кои пред реваншот во Минхен „со една нога“ веќе се во четвртфинале од ЛШ.
'Bayern Munich overpowered Chelsea on whisky and beer!': Jon Bon Jovi biza… #Chelsea https://t.co/8TqkgsDjTn pic.twitter.com/MBomA9tWnN
— ChelseaFC Report (@ChelseaFC_Fanly) February 26, 2020