Top Sport

Бејл имал психички проблеми, не отпатува во Минхен со Реал!

Фудбалерот на Реал Мадрид, Велшанецот Герет Бејл не отпатува со соиграчите во Минхен, на претсезонскиот турнир откако пропадна неговиот трансфер во Кина.

Британските медиуми пренесуваат дека Бејл не бил во добра психичка состојба затоа што Флорентино Перез го спречил да прејде во Џиангсу Сунинг.

Тренерот на „Кралевите“, Зинедин Зидан не го сака Бејл во тимот. Неодамна рече дека Велшанецот е пред заминување, а напомена дека тоа е најдобро за сите.

Бејл беше многу блиску до потпис на тригодишен договор со кинескиот тим за неделна плата од милион евра.

Освен Реал, на Ауди купот во Минхен ќе настапат и Тотенхем, Баерн и Фенербахче.

Бејл во 2013 година за тогаш рекордни 100 милиони евра прејде во Реал од Тотенхем. Со кралскиот клуб освои 4 трофеи во ЛШ.

Scroll to Top