Top Sport

Бекам ќе биде 6 месеци без возачка оти возел и зборувал на мобилен

Легендарниот англиски фудбалер, Дејвид Бекам е казнет од судот во Лондон поради користење мобилен телефон додела возел. Тој прекршокот го направил во ноември минатата година, а казната од 6 месеци без возачка дозвола почнува да тече деновиве.

Освен забраната за возење, Бекс е казнет и парично, со 200 фунти. Прекршокот го направил возејќи го своето „бентли“ вредно 120.000 евра.

На Бекам ова не му е прв прекршок при возењето затоа што во 1999 година заработи забрана за возење во период од 8 месеци поради брзо возење. Тогаш екс-фудбалерот „нагазил“ за да ги избегне папараците кои го следеле.

Сега Бекам ќе треба да ангажира шофер, да се вози со такси или пак, ќе мора сопругата Викторија да го превезува.

Scroll to Top