Top Sport

Белгија ја „торпедираше“ Русија во Санкт Петерсбург (видео)

Фудбалската селекција на Белгија остана со стопроцентен ефект во квалификациите за ЕУРО 2020 и по денешното гостување во Санкт Петерсбург, кај Русија. Белгијците славеа убедлив триумф со 4-1.

Помалиот од браќата Азар, Торган уште во 19. минута донесе водство од 1-0. Пред крајот на првиот дел, попознатиот Азар, Еден во 33 минута донесе водство од 0-2. До крајот на првите 45 минути, Азар уште еднаш погоди за 0-3.

Играчот на Интер, Ромелу Лукаку во 72. минута зголеми на 4-0, Русија единствено што успеа да направи до крајот на мечот беше почесниот погодок во 79. минута за конечни 1-4.

Словенија потешко од очекувањата, со автогол на противникот славеше победа од 1-0 против селекцијата на Летонија. Единствениот погодок во Љубљана беше автогол на Тарасовс во 53 минута од мечот.

На останатите попладневни мечеви од евро-квалификациите, Велс славеше триумф кај Азербејџан од 2-0, а Казахстан победи со 3-1 против Сан Марино.

Scroll to Top