Италијанскиот тенисер, Матео Беретини откако ги загуби теоретските шанси за влез во полуфиналето на завршниот Мастерс тениски турниr што се игра во Лондон, денеска со 2-0 (7-6 и 6-3) славеше победа против демотивираниот Австриец, Доминик Тим во рамки на 3.коло во групата „Бјорн Борг“.
Италијанецот играше за историја, а австрискиот ас се обидуваше да ги сочува силите за искушенијата што му претстојат. Беретнии со денешниот триумф стана првиот Италијанец кој успеал да слави на завршните АТП турнири.
„Горд сум на себе, но повеќе за мојот тим, моето семејство, моите пријатели. Ова е неверојатна сезона. Не очекував да бидам тука на почетокот на сезоната. Се надевам дека ќе се вратам тука следната година“ – рече италијанскиот тенисер по мечот.
Тим со триумфите против фаворитите Ѓоковиќ и Федерер во претходните две кола на турнирот си го обезбеди полуфиналето, па денеска одеше на тоа да сочува дел од силите и да не заработи евентуална повреда.
Него меѓу четирите најдобри во Лондон вечерва ќе му се придружи подобриот од пресметката меѓу Ѓоковиќ и Федерер.
Ending on a high ??
Matteo Berrettini becomes the first-ever Italian to win a singles match at the ATP Finals, beating Thiem 7-6 6-3! #NittoATPFinals pic.twitter.com/DFBdzmIX4p
— Tennis TV (@TennisTV) November 14, 2019