Реал Бетис и Еибар ремизираа во првиот меч од осмото коло на Ла лига. Домаќинот на овој меч постигна дури 3 гола, но само еден беше признат, останатите два се поништени по прегледување на ВАР снимките.
Бетис во 32 минута погоди за 1-0, но сепак голот беше поништен. Само 2 минути подоцна Еибар доаѓа до водство на стадионот „Бенито Виламарин“. Стрелец за водство на гостите е Фабио Орелани од белата точка, по пеналот направен врз Канаљес.
Интересен момент се случи во 66 минута. Бетис постигна гол а израмнување, Хоакин ценрираше, а Марк Бартра со глава ја смести топката на вистинско место, на втора статива каде Лорен Морон само ја допре топката. По прегледот на ВАР се испостави дека току тој бил во офсајд. Сепак, по долго прегледување, голот н Бетис за 1-1 беше признат.
До крајот на мечот, домаќините тргнаа по сите 3 бода. Иглесиајас во 92 минута погоди, но поради офсајд погодокот повторно беше поништен, па мечот заврши нерешено.
The VAR decision from Real Betis vs. Eibar. What exactly are we looking at? Nobody knows.
… So we'll give a goal then pic.twitter.com/xmffJMNJxH
— LaLiga Burro (@LaLigaBurro) October 4, 2019