Напаѓачот на Баерн Минхен, полскиот фудбалер Роберт Левандовски е прогласен за најдобар фудбалер во Бундеслигата, за сезоната 2019/2020.
Полскиот репрезентативец сезонава на 30 одиграни меча постигна 33 гола. Левандовски ги доби повеќе од половината гласови во конкуренција на Вернер, Санчо, Халанд, Хаверц и Габри.
Освен навивачите, во изборот за најдобар фудбалер во Бундеслигата учествуваа и тренерите.
На втората позиција заврши Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, додека трет беше играчот на Баер Леверкузен, Каи Хаверц.
Фантастичниот полски фудбалер постигна погодок против буквално секоја екипа која се натпреварува во Бундеслигата. Со
Баерн до сега освои 6 титули шампион на Германија и 2 во ДФБ Купот.
Ein weiterer Titel für den @FCBayern-Stürmer! ? @lewy_official ist euer Spieler der Saison! Herzlichen Glückwunsch! ?#Bundesliga #BundesligaPOTS pic.twitter.com/F6d0NKS2Gl
— BUNDESLIGA (@Bundesliga_DE) June 26, 2020