Top Sport

Бизарна сцена во Катар, во ист напад две стативи и пречка – нема гол (видео)

Несекојдневна сцена во осмото коло од катарскиот фудбалски шампионат на натпреварот меѓu последнопласираниот тим Ал Шаханија и шестопласираната екипа на Ал Саилија.

Во еден напад, од само неколку метри, играчите на Ал Саилија го погодија оквирот на голот дури трипати. Прво се тресеше гредата по ударот на Машал Ал Шамари, па потоа Мбарк Бусуфа ја погоди левата статива, а од неколку метри Мохамед Мудатер ја погоди и десната статива.

Гостинските играчи се фаќаа за глава неверувајќи дека од оваа ситуација не успеаја да ја затресат противничката мрежа. Мечот заврши 0-0.

Погледнете:

Scroll to Top