Top Sport

Бобан шокираше со изјавата: Мило ми е што Звезда го победи Ливерпул

Легендарниот хрватски фудбалер, Звонимир Бобан рекол дека му е драго што Црвена Звезда го победи Ливерпул во Лигата на шампиони.

Бобан, кој сега работи за ФИФА, во текот на престојот во главниот град на БиХ изјавил:

„Ја гледав Звезда со Ливерпул. Беше тоа црвст натпревар за играчите на Звезда. Секогаш ми е драго кога ќе видам некој оттука кога ќе направи голем резултат“.

Изјавата на прославениот фудбалер чуди затоа што општо е познато неговото националистичко определување.
За потсетување, Бобан во 1990 година беше учесник во инцидентот на „Максимир“ во Загреб на мечот Динамо – Звезда кога нападна полицаец. Нередите на стадионот беа иницијална каписла за војната во СФРЈ.

Видео снимка за потсетување:

Scroll to Top