Top Sport

Богдановиќ: Пораз не се исправа, но Американци не се победуваат секој ден!

Најдобриот кошаркар на Србија на Мундобаскетот во Кина, Богдан Богдановиќ повторно беше „прва виолина“ во победата на својата селекција на мечот со САД. Кошаркарот на Сакраменто Кингс запиша 28 поени, со 7 тројки од 14 обиди.

„Добро беше, на некој начин се оддолживме. Не може оној пораз да се исправи, но ете барем му донесовме среќа на нашиот народ. Претходните двапати изгубивме од нив, не е тоа таа екипа, но не може секој ден да се победуваат Американците. Не викам дека ние не би можеле да ги добиеме, но тие сигурно вака не би го отвориле мечот. Не знам што би било кога би било. Уживавме, моравме да пронајдеме мотивација. Да се заборави што се случило“ – изјави Богдановиќ по мечот.

Тој беше „главниот виновник“ што Србија во првата четвртина ги растури Американците со 32-7, што е најмал број поени за една четвртина на селекцијата на САД во историјата.

Scroll to Top