Ерлинг Брот Халанд (19) е најголемата фудбалска сензација оваа сезона. Норвешкиот тинејџер кој светот го запозна пред некоолку месеци, кога постигна 9 гола во победата од 12:0 на Норвешка против Хондурас. Тој руши рекорди сезонава во ЛШ.
Халанд стана првиот играч во историјата кој постигнал 6 гола во своите први три средби во ЛШ. Со неговите последни 2 гола против Наполи, голгетерскиот учинок му се зголеми на 20 погодоци во 13 средби сезонава.
Халанд е само вториот тинејџер кој погодил на сите три први средби во Лигата на шампиони. Пред него тоа му успеа само на Карим Бензема.
Норвежанецот се наметнува како еден од најголемите таленти во светот на фудбалот, играч за кој се борат најбогатите европски клубови.
Манчестер Сити наводно веќе нуди 60 милиони евра за него, а врската која го спојува со Манчестер Јунајтед е неговиот сонародник на клупата на „ѓаволите“, Оле Гунар Солскјер. Тој го тренираше и во Молде и многу добро ги познава неговите квалитети.
Реал Мадрид младиот Халанд веќе го гледа на „Бернабеу“, но првата вистинска понуда ја испрати Јувентус.
„Газета дело Спорт“ пишува дека „Старата дама“ за норвешкото фудбалско чудо подготвила 40 милиони евра и понудата веќе ја испратиле до челниците на Ред Бул Салцбург. Интерес за неговите услуги Јуве покажа уште пред Норвежанецот да заврши во австрискиот клуб.
„Проценив дека е прерано за во Јувентус. Салцбург е клуб кој најмногу ме сакаше и кој најдобро ми одговара“ – рече фудбалерот.
Erling Braut Håland is top of Fabio Paratici's list to reinforce the Juventus attack next summer – The Bianconeri are ready to invest €35m-€40m to beat the competition from Man United & Real Madrid. Director of the operation: Mino Raiola! [@NicoSchira] pic.twitter.com/R4nB9ZBkhK
— Forza Juventus (@ForzaJuve2017) October 31, 2019