„Односот на Баерн кон Нико Ковач е недостоен и срамен, а се работи за личност која е една од најдобрите кои фудбалот ги имал“.
Ова го изјави живата легенда на Баерн Минхен, Паул Брајтнер (67) кој за баварскиот клуб одигра 343 натпревари и освои се што можеше да се освои.
Тој подели низа комплименти за тренерот на Баерн, а притоа го критикуваше клубот.
„Замислете, тренерот ги лови првенството и Купот и на крајот ги освојува двата трофеа, а цело време нема јасна поддршка од претседателот Хенес, ниту од генералниот директор Румениге, па ни од спортскиот директор Салихамиџиќ. Недостојно за Баерн“ – смета Брајтнер.
Тој потенцира дека ваквиот однос од Управата на клубот траел цела втора полусезона.
„Како намерно да му попречуваа на својот тренер. Далеку пофер би било да му речат „Или освои ЛШ или леташ“. Ме боли однесувањето на мојот клуб кон Ковач затоа што во светот на фудбалот има малку такви, чесни, пристојни, вредни луѓе како него“ – заклучува прославениот фудбалер.