Top Sport

Бразил сака Нејмар пак да игра на Олимпијада

Фудбалскиот сојуз на Бразил ќе бара дозвола од францускиот шампион, ПСЖ за Нејмар да биде во составот на „Кариоките“ што ќе настапи на Олимписките игри ова лето во Токио. Бразил во главниот јапонски град ќе ја брани титула освоена на Игрите во Рио.

Олимпијската фудбалска репрезентација е составена од играчи до 23 години, со тоа што има можност во секоја селекција да има по тројца фудбалери постари од оваа граница.

Нејмар беше еден од тројцата „сениори“ и на ОИ во Рио каде Бразел стигна до златото по изведувањето пенали против Германија.

ПСЖ нема обврска да го пушти Нејмар на ОИ во Токио затоа што тоа не е официјален турнир на ФИФА.

„Еуроспорт“ пренесе дека претседателот на ФС на Бразил веќе започнал разгвори на оваа тема со челниците на францускиот клуб.

Ако бразилскиот фудбалер добие дозвола за настап, тој ќе има напорно лето затоа што се очекува да настапи за својата земја и на Купот на Америка кој е на програмата од 12 јуни до 12 јули во Колумбија и Аргентина.

Олимпијадата, пак, почнува на 24 јули.

Scroll to Top