Top Sport

Брестовац го објави списокот за двомечот со Исланд, Филип Лазаров не е во комбинација (фото)

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац, го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за двомечот против селекцијата наИсланд, во квалификациите за ЕП 2020.

Драстични промени од претходно нема, но на списокот не се најде Филип Лазаров, кој беше стандарден во националниот тим.

Брестовац во поширокиот список од 28 ракометари им даде доверба на седуммина млади играчи до Металург и на шестмина од Еурофарм Работник.

Првиот натпревар против Исланд се игра на 10 април во 21.45 во Рејкјавик, а наредниот меч пртив истата селекција ќе се одигра на 14 април во 20 часот во СЦ „Борис Трајковски” во Скопје.

Scroll to Top