Top Sport

Брестовац поднесе оставка во Металург по поразот од Еурофарм Работник

Македонскиот ракометен селектор, Данило Брестовац попладнево си поднесе оставка од тренерската функција во скопски Металург. Причина за ваквиот неочекуван потег на Брестовац е убедливиот пораз на Металург во салата во Автокоманда со 32-25 од битолскиот прволигаш Еурофарм Работник во второто коло од Суперлигата.

На потег е Управниот одбор на Металург кој треба да одлучи по оставката на тренерот.

Брестовац, кој од скоро е селектор на Македонија на функцијата во Металург го замени Александар Јовиќ, а договорот беше по завршувањео на сезонава да го напушти Металург за да може комплетно да им се посвети на репрезентативните обврски.

Оваа година Металург ја заврши СЕХА лигата на слабото 9. место. Во второто коло од Суперлигата победата на Еурофарм во Скопје им го подотвори патот кон СЕХА лигата наредната сезона како втор претставник од Македонија, покрај неприкосновениот Вардар.

Scroll to Top