Голманот на Јувентус, легендарниот Италијанец, Џанлуиџи Буфон во интервју за „Газета дело Спорт“ зборува за своите спортски идоли, па прави компарацијата меѓу Меси и Роналдо од една и Надал, односно Федерер од друга страна.
Буфон вели дека за него најголем херој е екс-возачот во Формула 1, Алекс Занарди кој по стравична несреќа во 2001 година остана безз двете нозе.
„Малку кој би можел психички да се опорави од тоа (Занарди продолжи да се натпреварува како параолимпиец), а не пак повторно да се занимава со спортот кој го сака. Тој е најдобар пример колку е важна волјата. Со таков хендикеп тој продолжи да живее со голем ентузијазам, а тоа го можат само посебни луѓе“ вели Буфон.
Тој направи споредба и на тенисот со најважната споредна работа на светот – фудбалот.
„Федерер е безвременска класа и совршенство, додека Надал е неверојатен работник. Се разбира, и тој има голем талент, но до врвот стигна со страшно залагање и константна желба да се биде што подобар. Би ги споредил нив двајца со Меси и Роналдо. За Мене Федерер е како Лео, а Рафа како Кристијано“ – смета голманот.