Првиот голман на француски ПСЖ, Италијанецот Џанлуиџи Буфон јавно признава дека не го сака неговиот екс тим Јувентус за противник во осминафиналето од Лигата на шампиони. Буфон е дециден дека никој во францускиот тим не посакува сценарио каде Јуве би им бил пречка на патот кон историја во ЛШ.
ПСЖ како првопласиран ја заврши групата, пред Ливерпул кој оди во нокаут фазата. Трет заврши Наполи кој напролет ќе продолжи во Лига Европа, додека Црвена Звезда ги заврши настапите во Европа за оваа сезона.
„Дали овој Јувентус е најсилниот тим во последните неколку години? Да, бидејќи екишата која игра навистина силно пред себе има јасна цел. Изминатите неколку години бевме помеѓу најсилнитге, но психолошки, заедништво и солидардност. Кога на тоа ќе го додадете Кристијано Роналдо, јасно е дека апсолутно никој не сака да игра против Јувентус“ – рече Џиџи Буфон.
Противникот на ПСЖ во осминафиналето ќе се дознае в понеделник 17. декември.