Легендарниот италијански фудбалски голман, Џанлуиџи Буфон по само една година помината на „Паркот на принцовите“ го напушта тимот на ПСЖ, пишува германски „Билд“.
41-годишниот чувар на мрежата по истекот на договорот нема да добие можност за продолжување на соработката затоа што францускиот клуб планира да му овозможи на Кевин Трап, голманот кој е на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт, да застане меѓу стативите.
Покрај трап, за голманската позиција во ПСЖ конкурира и Французинот, Алфонсо Ареола, па сега останува непознато кој ќе биде следниот потег во кариерата на Буфон.
Италијанецот не се прослави на голот на ПСЖ, а имаше голем удел и во елиминацијата на „светците“ од Манчестер Јунајтед во осминафиналето од ЛШ.