Турскиот кошаркарски клуб, Фенербахче официјално објави дека целата екипа и стручниот штаб ќе бидат тестирани од коронавирусот откако е утврдено дека дел од членовите на тимот имаат симптоми на заразата.
Турција дури во четвртокот ги прекина сите национални првенства, меѓу кои и кошаркарското, по апелот на играчите и тренерите.
Фенербахче на 8 овој месец играше против Бешикташ, а на 15, пред 6 дена против Тофаш.
Од клубот додаваат дека јавно ќе ги објават резултатите од тестирањето.
Во Турција досега има 670 заболени од коронавирус, а 9 луѓе починаа.
Bilgilendirme
? https://t.co/yj7CMxrjVk pic.twitter.com/BEXJPkMC4J
— Fenerbahçe SK – ?#EvdeKal (@Fenerbahce) March 21, 2020