Top Sport

Чави се сомнева во фудбалските способности на Болт

Легендата на Барселона Чави Ернандес рекол „дека му нема рамен на Јусеин Болт“, но се сомнева во неговите фудбалски способности.

Болт објави видео како тренира во дресот на Борусија Дортмунд и се подготвува за хуманитарниот натпревар Сокер ејд. Тимот на светот на овој натпревар ќе игра против тимот на Англија на Роби Вилијамс.

„Од првиот ден ми говореа дека нема да можам“, напишал Болт на Твитер.

„Во март ќе тренирам во Дортмунд и потоа ќе решиме што ќе правиме понатаму со мојата кариера. Ако ми кажат дека сум добар и дека ми недостигаат тренинзи тогаш ќе останам во фудбалот“, рекол Болт потсетувајќи дека неговиот најголем сон е да заигра за Манчестер јунајтед.

Иако Болт верува во своите можности, Чави смета дека добрата физчка подготвеност не е доволна.

„Го сакам Јусеин Болт, тој е голем атлета. Физички малкумна можат да се мерат со него. Кој трча побрзо од него? Никој. Сепак не можете да ја надоместите менталната брзина и интелигенција за игра со физичките способности, тоа е невозможно“, изјавил Чави за Со Фут.

Scroll to Top