Top Sport

Челси ја почувствува моќта на „црвените ѓаволи“ на своја кожа (видео)

Тимот на Манчестер Јунајтед во голем стил ја започна новата сезона во Премиерлигата. „Црвените ѓаволи“ на Оле Гунар Солскјер предводени од Маркус Рашфорд со високи 4-0 славеа во дербито од првото коло против тимот на Челси.

Гостите на мечот немаа ниту грам среќа, имаа неколку убави шанси за гол но не успеаја да го совладаат Де Хеа. Исто така пречката на голот на Шпанецот му беше сојузник, но затоа Манчестер Јунајтед своите шанси ги искористи до максимум за висок триумф за самодоверба на почетокот на сезоната.

Курт Зума беше невнимателен во својот шеснаесетник во 18 минута, оа судијата оправдано покажа на белата точка, Сигурен реализатор беше Рашфорд за 1-0.

Новата „деветка“ кај „ѓаволите“, Ентони Марсијал погоди за 2-0 во 65 минута, а Рашфорд со својот втор гол само две минути подоцна го најави убедливиот пораз на „сините“ од Лондон. Конечните 4-0 за воведни 3 бода за Јунајтед беа дело на Џејмс, во 81 минута на асистенција на Погба.

Scroll to Top