Top Sport

Челси сакаат трампа со Барселона – Алонсо плус 15 милиони фунти за Обамејанг

Челси веќе поднеле понуда до Барселона за напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг во договор вреден 15 милиони фунти, кој во исто време ќе го прати Маркос Алонсо на „Ноу Камп“, тврди „Атлетик“.

Останува да се види дали Барселона ќе се согласи на ваков договор, со кој Габонецот Обамејанг ќе се врати во Премиерлигата, иако дојде на „Ноу Камп“ во јануари од Арсенал. По пристигнувањето на Роберт Левандовски од Баерн, Обамејанг може да има помала минутажа, но неодамна Чави изјави дека планира на него во својот напад.

Обамејанг имаше 11 гола во 17 меча во Ла лига со Барса, но е привлечен од можноста повторно да работи под поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, Томас Тухел во Лондон. На Челси им недостасува напаѓач по заминувањето на Ромелу Лукаку на позајмица во Интер.

Scroll to Top