Се продлабочува кризата на Челси. Екипата предводена од Френк Лампард успеа да стигне само до реми против екипата на Борнмут која се бори за опстанок во Премиерлигата. Резултатот по 90 минути беше 2-2.
Алонсо го отвори резултатот во корист на „сините“ во 33 минута.
Во вториот дел домашните за само 3 минути направија целосен пресврт. Во 54 минута Лерма погоди за 1-1, а во 57 Кинг носи предност за Борнмут од 2-1.
Тој резултат беше актуелен се до 85 минута кога Алонсо со својот втор гол донесе реми за Челси.
На останатите попладневни дуели, на „Сент Џејмс Парк“, Њукасл и Барнли одиграа меч без голови, додека пак Вест Хем со 3-1 го совлада Саутемптон.
Претходно, Кристал Палас со 1-0 славеше триумф на гостувањето кај Брајтон.
Одложен е дуелот Астон Вила – Шефилд јунајтед, а во 18.30 часот започнува дуелот меѓу Ватфорд и лидерот Ливерпул.