Top Sport

(Видео) Челзи со два гола во судиското надополнување до полуфиналето на ФА Купот

Фудбалерите на Челзи се третите учесници во полуфиналето на англискиот ФА Куп оваа сезона.

„Сините“ го победија Лестер со 4:2 на „Стемфорд Бриџ“.

Имаа големо водство по првото полувреме од 2:0, иако Рахим Стерлинг промаши пенал во 26. минута.

Головите за Челзи ги постигнаа Марк Кукуреља во 13. минута и Кол Палмер во 45. минута.

Сепак, „лисиците“ успеаја да се вратат со два гола во простор од 10 минути.

Најпрвин Аксел Дисаси со автогол ја преполови негативата на Лестер, а во 62. Стефи Мавидиди ги зголеми на 2:2 и „ладен туш“ во Лондон.

Сепак, од 73. минута гостите останаа со играч помалку поради исклучувањето на Дојл, а тоа му ја олесни работата на Челзи.

Нумеричката предност чинеше во судиското надополнување, кога Керни Чуквуемека во 92-та и Нони Мадуеке во 98-та му донесоа додавање на тимот на Маурисио Покетино.

Ковентри и Манчестер Сити веќе се пласираа меѓу најдобрите четири, а последен полуфиналист ќе биде големото дерби помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул од 16 часот и 30 минути.

Scroll to Top