Top Sport

Червар: Не си одам од клупата на Хрватска додека не освојам олимписко злато!

Селекторот на ракометната репрезентација на Хрватска, Лино Червар предвиде дека Олимпијадата во Токио ќе се одложи и дека нејзиното одржување ќе се пролонгира за идната година. Сепак, тој за хрватските медиуми рече дека нема намера да се откаже од „хрватската клупа“ додека не го освои олимпиското злато.

„Не одам од клупата додека не освојам олимписко злато. Ќе си одам по ОИ во Токио. Само прво мораме да се квалификуваме. Игрите ќе бидат 2021 година, па можниот пласман на СП во Египет можеби ќе одлучи кој ќе оди во Токио“ – рече Червар.

Хрватскиот селектор е исплашен дека оваа ракометна сезона нема да се доигра поради коронавирусот.

„Се плашам дека сезонава нема да има ништо од ракометот. Камо среќа да грешам. Можеби ќе успее да се одигра некаква завршница за ракометен шампион на Хрватска, евентуално завршниот турнир на СЕХА лига. Тоа е се“ – вели Червар.

Scroll to Top