Поранешниот тренер на скопски Металург и селектор на Македонија, Хрватот Лино Червар кој сега е актуелен предводник на хрватската ракометна репрезентација има големи шанси да биде обвинет за расизам по неконтролираните изјави на еден тајм-аут на денешниот пријателски дуел со Катар.
„Коцкастите“ го добија мечот со азиската селекција 33-28, но во првото полувреме се мачеа да го пробијат бедемот на Катар.
„Престанете да играме сељачки ракомет. Оние, црнците, играат попаметно од нас. Зошто ги продавате топките? Играјте до утре ако треба, не можеме да губиме топки и да примаме голови“ рече нервозниот Червар.
— SportTime (@SportTi43915378) January 5, 2020
Инаку Хрватска славеше победа благодарејќи на одличната партија на екс-вардарецот Лука Циндриќ кој постигна 8 гола.