Младинскиот македонски фудбалски репрезентативец, Дарко Чурлинов (19) денеска ја официјализираше соработката со германскиот второлигаш, Штутгарт и потпиша 4-годишен договор со популарните „шваби“.
Чурлинов во Штутгарт доаѓа од бундеслигашот Келн.
„Пресреќен сум што сум овде, стопроцентно сум мотивиран да дадам се од себе за Штутгарт. Сакам да му помогнам на тимот, да сторам се што е потребно за да бидам од помош во битката за влез во елитата“ рече младиот фудбалер додека траеше официјализирањето на договорот.
Сезонава Македонецот играше во вториот тим на Келн, настапи на девет средби, а притоа постигна 6 гола, но имаше и 2 асистенции.
Darko #Churlinov wechselt mit sofortiger Wirkung vom @fckoeln zum #VfB. Er unterschreibt einen bis zum 30. Juni 2024 gültigen Vertrag und wird künftig mit der Rückennummer 19 auflaufen.https://t.co/pGf2x39qPa
— VfB Stuttgart (@VfB) January 8, 2020