Top Sport

Циципас го елиминираше Ѓоковиќ на Мастерсот во Шангај

Грчкиот тенисер, младиот Стефанос Циципас денеска со 2-1 во сетови (3:6, 7:5, 6:3 ) го победи првиот тениски рекет, Новак Ѓоковиќ на Мастерс турнирот во Шангај.

Ѓоковиќ изгледаше незапирливо по враќањето од повредата на рамото откако без изгубен сет го освои турнирот во Токио.

Немаше проблеми ниту на патот до четвртфиналето во Шангај, но таму пред него се испречи Циципас кој моментно е седми на АТП листата.

Ѓоковиќ добро го стартуваше и денешниот меч, го освои првиот сет со 6-3.

Сепак, во продолжение од мечот грчкиот тенисер заигра поагресивно, и успеа да направи пресврт во следните два сета, и со 7-5 и 6-3 стигна до голема победа.

Циципас со оваа победа стана првиот тенисер помлад од 21 година кој успеал да ги победи тројцата тенисери од големата тројка (Ѓоковиќ, Федерер и Надал).

Противник на Циципас во полуфиналето во Шангај ќе биде Русинот Данил Медведев кој во четвртфиналето на турниорт беше подобар со 2-0 во сетови од Италијанецот, Фабио Фоњини.

Scroll to Top