Top Sport

Циципас: Надал, Ѓоковиќ и Федерер стареат, сакам грен-слем трофеј!

Грчкиот тенисер, Стефанос Циципас во новата сезона како главна цел го постави освојувањето на грен слем титула и место меѓу тројцата најдобри во светот на тенисот.

Грчкиот тенисер 2019 ја заврши како шести тенисер во светот, со трофеј од Завршниот мастерс во Лондон. За 2020 има уште поголеми амбиции.

„Знам дека многу луѓе зборуваат за грен слем титулите, тоа е неизбежно на интернет, но мислам дека АТП-кругот се шири. Нада, Ѓоковиќ и Федерер стареат, а ние младите туркаме. Од моја страна, освојувањето на грен слем ми е една од целите во 2020 година, тоа е неспорно“ – изјавил Циципас.

Тенисерот кој ќе учествува на егзибицискиот турнир во Абу Даби вели

„Не е прашање на живот или смрт, ама сакам следната година да ја завршам меѓу тројцата најдобри во светот. Тука се Надал, Федерер и Ѓоковиќ, па ќе морам да ги поминам“ – вели Циципас.

Утре негов противник на турнирот во Абу Даби ќе му биде рускиот тенисер Андреј Рубљов.

Scroll to Top