Top Sport

CR7 речиси две години не погодил надвор од шеснаесетникот (видео)

Лионел Меси и Кристијано Роналдо во последните 10-тина години доминираат во светскиот фудбал, собраа бројни награди, па компарацијата на нивните бројки е нешто што љубителите на најважната споредна работа на светот го очекуваат секојдневно.

Меси има 6 Златни топки, а Роналдо една помалку.

Расправата за тоа кој е подобар трае, и ќе трае, но порталот „WhoScored“ откри интересен податок.

Од октомври 2018 година, Кристијано Роналдо не постигнал гол за Јувентус надвор од шеснаесетникот, додека за овој период Меси дури 14-пати прецизно стрелаше во противничките мрежи со удар надвор од казнениот простор.

Да се потсетиме на победничкиот гол на Роналдо од дваесетина метри, постигнат на 27.10.2018 година при гостувањето на Јуве кај Емполи, во Серија А:

Scroll to Top