Top Sport

„Cro Cop“: Мајка ми пред секоја борба клекнува и ме моли да не се борам повеќе!

Хрватскиот ММА борец, Мирко „Cro Cop“ Филиповиќ (44) за хрватските медиуми ја открива тајната на долговечноста, раскажува како до правилен тренинг, исхрана, одмор, но еден детал за неговото семејство ги полни страниците во Хрватска.

Филиповиќ вели дека неговото семејство му е отежнувачки фактор.

„Мене семејството ми е отежнувачки фактор затоа што сите посакуваат да одам „во пензија“. Мојата мајка пред секоја борба клекнува пред мене и ме моли тоа да ми биде последната борба, а јас ја тешам со зборовите дека мојот противник повеќе не може ниту да оди како што треба и дека не гледа добро“ – вели Филиповиќ.

Scroll to Top