Top Sport

Црвен картон на Модриќ по нови правила, удар во Ахилова тетива забранет

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, членот на Реал Мадрид Лука Модриќ на денешното гостување на својот тим кај Селта Виго заработи директен црвен картон.

По еден наизглед обичен прекршок на Хрватот, додека домаќините се подготвуваа да изведат слободен удар во близина на аут линијата, ВАР технологијата му сугерираше на главниот судија Фернандес.

По прегледувањето на снимката, тој му покажа црвен картон на хрватскиот фудбалер.

Сите од гостинската екипа во неверување бараа објаснување, а не им беше јасна ситуацијата ниту на домашните фудбалери.

Судијата Итуралде Гонзалес ја објасни ситуацијата. Тој рече дека се работи за ново правило.

„Судиите добија препорака за опасните стартови од зад грб, како и тие удари во пределот на ахиловата тетива. Тие не смеат да имаат толеранција за такви стартови, па поради тоа Модриќ доби црвен картон“ – рече Гонзалес.

Инаку ова беше прв директен црвен картон во кариерата на Модриќ, а само втор воопшто.

Пред 5 сезони доби два жолти картони на дуелот од шпанскиот Супер куп против Атлетико Мадрид.

Scroll to Top