Top Sport

ЦСКА и Реал Мадрид со нови победи во Евролигата

Даниел Хекет имаше 27 поени во 26 минути игра, додаде 5 скока за да ги предводи ЦСКА Москва до 90:83 триумф над АСВЕЛ во 21. коло од Евролигата. Американецот со италијански пасош, исто така ја надмина границата од 2.000 поени во кариерата во елитното европско натпреварување.

На 1:40 пред крајот, Хекет ја постигна клучната тројка за 88:81 водство на ЦСКА, спречувајќи камбек на францускиот тим. Алексеј Швед додаде 17 поени, а Мриус Григонис броеше до 16. Маркос Најт имаше 17 поени и 6 скока за АСВЕЛ, кои загубија по осми пат во последните десет меча за да паднат на 8-10 скор. ЦСКА има одлични 12-7 по лошиот старт на сезоната.

И Реал Мадрид се врати во евролигашка акција со 89:74 победа над шпанскиот ривал Басконија и покрај тоа што играа без позитивните Валтер Тавареш и Руди Фернандез. Ова беше прв меч на „кралевите“ во Евролигата од 23 декември.

Гершон Јабуселе имаше 17 поени, од кои 15 во првото полувреме, во кое Реал направи 50:35 водство кое не го испушти до крајот. Ова е четврта победа во низа за Мадрид со која имаат 15-3 скор.

ЕВРОЛИГА, 21.КОЛО

ЦСКА Москва – Асвел Лион 90:83 (23:23, 17:16, 22:22, 28:22)

Реал Мадрид – Басконија 89:74 (25:17, 25:18, 19:15, 20:24)

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top