Македонскиот Олимписки Комитет на свечена манифестација „Златна Олимпија“ ги прогласи најуспешните жени во спортот.
Втората едиција „Златна Олимпија“ на едно место ги обедини најдобрите спортистки и спортисти, спортски менаџерки, спортски новинарки, женски тренери и судијки, но и претставници на националните спортски федерации, амбасадори, претставници на македонската Влада, министри и поранешни премиери.
На самиот почеток на настанот се додели признание на легендарните ракометарки од Кометал Ѓорче Петров, чија историска победа и европска титула оваа година слави 20 години.
Претседателот на Македонскиот Олимписки Комитет, м-р Даниел Димевски за особен придонес во развој на спортот му додели признание и на поранешниот премиер Зоран Заев.
„Златна Олимпија“ е кулминација на спортските достигнувања и успешните приказни на спортистките и жените во спортот за 2022 година. Преку овој настан се реафирмира заложбата за постигнување родова еднаквост како и еднакви можности, еднаков пристап до ресурси и еднаква поддршка за сите спортистки и спортот во женска категорија.
Прогласени добитници на наградата Златна Олимпија 2022
Најуспешна спортистка за 2022 година: Адријана Поп-Арсова (атлетски маратон)
Најдобра спортистка со попреченост: Оливера Наковска-Бикова (стрелаштво)
Најдобра млада спортистка: Јадранка Темелкова (кикбокс)
Најдобар женски тренер: Симона Заборска (карате)
Најдобра женска репрезентација: Женска фудбалска репрезентација до 17 години
Посебно признание за животно дело: проф. Д-р. Ленче Алексовска-Величковска
Спортски подвиг за 2022: Катерина Шиповиќ (ултрамаратон)
Најуспешна спортска новинарка: Марија Ковачева (Спортмедиа)
Најуспешна спортска менаџерка: Ирена Митровска (кик-бокс)
Најдобра судијка: Ивана Пројковска (фудбал)