Top Sport

Даниел Димевски повторно го „злоупотреби“ МОК во пресметката со Борко Ристовски

Претседателот на Македонскиот Олимписки Комитет, Даниел Димевски, продолжи да ја искористува најголемата спортска институција за лична конфронтација со Борко Ристовски. На официјалниот фејсбук – профил на Македонскиот Олимписки Комитет, осамна т.н. „реторички прашалник“ во кој се вели дека „секој поединец треба да изгради свој личен став на темата која не е пријатна за никого, но е корисна за влечење поуки и заклучоци. Наведено е дека се работи за личен став на Даниел Димевски, но објавено преку официјалниот Фејсбук профил на Македонскиот Олимписки Комитет.

Ова откако Борко Ристовски претпладнево одржа прес – конференција, најави дека ќе поднесе тужба во Лозана против Даниел Димевски и МОК, и дека ќе бара максимална отштета од 230.000 евра, која потоа ќе ја донира хуманитарно, како помош за ФК Вардар и за РК Вардар.

Едно од прашањата е посебно интересно, а гласи: Дали би се однесувал Борко исто да немаше политичка поддршка и дали нешто кажал пред да почне политичка агенда?


Scroll to Top