Легендарниот НБА кошаркар, Тим Данкан се пензионираше без преголема медиумска помпа летото 2016 година, а од оваа сезона повторно е во Сан Антонио, како дел од стручниот штаб на Грег Попович.
Од приватни причини Попович синоќа не можел да ги води „Спарси“ на мечот против Шарлот, па одлучено било улогата прв тренер на мечот да му припадне на Данкан.
Тренерското деби го зачини со победа, и тоа по голема драма, со 104-103.
По мечот, мирниот Данкан мораше да помине и низ обврзниот разговор со новинарите. Тој по рецептот на својот ментор, Грег Попович одговараше кратко, но беше и духовит.
„Не бев само јас тука. Ги имаме и Беки Хемонд, Вили Харди и Мич Џонсон. Мич го подготви мечот, Беки и Вил ги повлекуваа акциите, а јас само стоев таму и викав по луѓето“ – изјави скромниот Данкан.
After getting his first W as acting head coach, Tim Duncan channeled his inner Pop ?
(via @FOXSportsSW) pic.twitter.com/KeCqAvwneT
— Bleacher Report (@BleacherReport) March 4, 2020