Top Sport

Датоме го загуби помнењето, а лекарите одбиле да го носат во болница (видео)

Кошаркарот на турски Фенербахче, Италијанецот Луиџи Датоме поради удар во главата здобиен во петтиот меч од финалната серија во Турција против Анадолу Ефес привремено го загубил помнењето, пренесуваат турските медиуми.

До инцидентот дошло кога Италијанецот се здоби со незгодна повреда при паѓање на паркетот, кога со нога во главата го удри противничкиот играч Брајан Данстон.

Турските медиуми пишуваат за скандал.

Датоме не го однеле веднаш во болница затоа што медицинските лица имале изговор – не смееле да ја напуштаат салата, па кошаркарот со приватно возило бил транспортиран до најблиската болница.

Неколку часа по повредата, помнењето му се вратило, па Датоме им се обрати на своите обожаватели:

„Здраво на сите. Се е добро, ги поминав испитувањата и се е под контрола. Ајде заедно да победиме во шестиот натпревар“.

Ефес победи во петтиот меч против Фенер со 86-76 и поведе со 3-2 во финалната серија. Денеска се игра шестиот меч кој може да го даде шампионот.

Погледнете како се случи повредата на Датоме:

Scroll to Top