Top Sport

Давид Бабунски во 92 минута прецизно стрела за Омија (видео)

Македонскиот фудбалски интернационалец, Давид Бабунски со втор сезонски гол за неговата Омија во втората јапонска лига. Бабунски прецизно стрелаше во 92 минута од мечот за потврда на победата на својот тим против Кагошима.

Бабунски во игра влезе во 86. минута и неколку минути подоцна прецизно стрелаше од 16-тина метри.

Со оваа победа неговиот тим се искачи на седмото место на табелата.

Scroll to Top