Top Sport

Де Брујне: Ја заслужувам наградата за најдобар во Премиер лигата

Кевин Де Брујне сезонава е еден од најдобрите играчи на Манчестер сити, а според многумина е фаворит за наградата која му се доделува на најдобриот фудбалер во Премиер лигата.

Белгиецот верува дека ја заслужил наградата иако конкурент ќе му биде Мохамед Салах, првиот стрелец во лигата со 29 гола.

„Ако ја добијам наградата тоа ќе биде добро и за мене и за клубот. Верувам дека ја заслужувам бидејќи со константен во својата форма. Задоволен сум, не очекував дека ќе играм толку добро“, рекол Де Брујне и дополнил дека е невозможни се споредбите со Салах.

„Не можете да споредувате, невозможно е. Салах е неверојатен голгетер, игра сјајно како крилен напаѓач, но како можете да не споредувате? Викендов играв на дефанзивната позиција во средниот ред, како тоа можете да го споредите со крилен напаѓач? Неавистина не знам“, заклучил Де Брујне.

Оваа сезона Белгиецот за Манчестер сити одиграл 44 натпревари, а учинокот му е 11 гола и 20 асистенции.

Scroll to Top