Top Sport

Де Роси дебито за Бока го зачини со гол со глава (видео)

Искусниот италијански фудбалер од средниот ред, Даниеле де Роси дебитираше за Бока Јуниорс на најдобар можен начин.

Тој донесе водство за својот тим на Кум мечот против тимот на Алмагро по удар со глава во 27 минута.

Следуваа овации од гледалиштето. Сепак радоста на навивачите на Бока до крајот се претвори во тага.

Играчот на Алмагро, Мартинез во 81 минута постигна гол за изедначување на 1-1, по што мечот требаше да се реши на пенали.

По промашувањата на Мекалистер, Хуртадо и Салвио екипата на Бока беше елиминирана во Купот.

Во продолжение погледнете го деби голот на Де Роси:

Scroll to Top