Ливерпул не знае за неуспех, дури и кога не игра со најсилниот состав.
Четата на Јирген Клоп беше поуспешна од пулените на Карло Анчелоти – екипата на Евертон во рамки на третото коло од англискиот ФА Куп.
„Црвените“ на овој меч настапија со речиси втор состав, без Мо Салах, Алисон Бекер, Вирџил ван Дајк, но и без Робинсон, Вајналдум. Само Садио Мане и капитенот Џордан Хендерсон беа во составот, но развојот на настаните го следеа од клупата.
Од друга страна, Анчелоти на тревникот на „Енфилд“ го изведе најсилниот состав.
Мечот заврши со триумф од 1-0 за „црвените“, а стрелец на единствениот погодок беше младиот Куртис Џонс, капитен на младинската екипа на Ливерпул.
Дербито на Ливерпул го одбележа деби-мечот на новото засилување за европскиот првак, Јапонецот Такуми Минамино.